Една од најголемите ѕвезди на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано е холандската уметничка лизгачка Јута Лирдам. Оваа спортистка имаше многу причини за радост затоа што го освои злато на 1.000 метри и сребро на 500 метри.
Нејзиниот личен спонзор „Најки“ имаше посебна причина да биде задоволен. На Олимписките игри дозволено е да се прикажува само логото на производителот на опремата, додека секаков друг облик на рекламирање е забранет.
Иако Холандската федерација за брзо лизгање соработува со брендот „Фила“, таа е приватно спонзорирана од „Најки“. Така спортски градник од американскиот производител беше видлив под нејзиниот аеродинамичен тркачки костум, а по преминувањето на целта, редоследот беше јасен: прво откопчајте го костумот.
Со оглед на тоа што има 6,2 милиони следбеници на „Инстаграм“, јасно е колку е вреден секој фрејм.
Според проценките на експертите за спортски маркетинг, Лирдам наводно заработува околу 850.000 евра годишно од „Најки“. Покрај тоа, секоја спонзорирана објава на „Инстаграм“ може да ѝ донесе околу еден цент по следбеник, што е приближно 62.000 евра по објава во која се појавува „Најки“ или друг партнер.
Лирдам е девојка на инфлуенсерот и боксер Џејк Пол, кој има речиси 29 милиони следбеници на „Инстаграм“, исто така ѝ дава дополнителен маркетиншки поттик. Кога на неговиот профил се појавуваат промотивни објави, досегот се зголемува многукратно.
По трката од 1.000 метри камерите забележаа емотивен момент, солзи течеа по нејзиното лице, шминката се размачкуваше. Само половина час подоцна, таа потпиша нов договор со холандскиот синџир продавници „Хема“, кој веднаш ја искористи можноста да промовира водоотпорен ајлајнер со пораката: „Водоотпорен, дури и со солзи радосници“.
Едноставно, покрај спортските успеси, Лирдам со настапот на ЗОИ има дополнителен ќар и од маркетиншки аспект.

