Откриено зошто Бове колабираше, мајка му била на трибините и таа се онесвестила кога видела што се случува

Младиот фудбалер на Фиорентина Едоардо Бове мирно ја поминал ноќта во болницата и позитивни се вестите околу неговата состојба. Бове синоќа буквално се сруши на теренот за време на дуелот против Интер, падна во безсознание, а потоа со лекарска помош веднаш беше префрлен во болница.

По направените контроли и прегледи, лекарите констатирале дека 22-годишниот фудбалер нема мозочни или срцеви оштетувања. Бове е буден, самостално дише, но уште е на интензивна нега.

Драматичниот момент кога Бове колабираше се случи во 16 минута. неколку секунди пред да му се слоши, камерата покажува како Бове е клекнат и ја врзува врвцата на копачката. Потоа се исправува и само неколку моменти подоцна, паѓа без да има контакт со никого.

Според новите информации од Италија, Бове доживеал напад на епилепсија, кој кулминирал со краток срцев застој. За среќа, кардиолошките и невролошките тестирања исклучуваат акутно оштетување на централниот нервен систем и кардио-респиратотен систем.

Газета Дело Спорт пишува дека неговите соиграчи тренерите и челниците на клубот биле да го посетат Бове во болница.

Драматичните моменти на стадионот во Фиренца од трибините ги следела и мајката на Едоардо, Тања. Жената кога видела дека нејзиниот син се бори за живот, од стрес се онесвестила на трибината и на нејзе требало да и се укаже лекарска помош. Веднаш потоа мајка му го посетила Едоардо во болница каде и се уверила дека нејзиниот син е подобар.

Вознемирувачкиот момент кога на Бове му се слошува и паѓа на теренот може да го видите ТУКА. 

- Оглас -

Најнови вести