Малата плата која ја добиваше во Ливерпул е една од главните причини поради кои Садио Мане реши да си замине од „Енфилд роуд“. Платформата Sportac ги откри актуелните плати кои ги добиваат фудбалерите на Ливерпул.
Ако се точни тие податоци, ќе се забележи дека фудбалерите на Манчестер јунајтед, Манчестер сити и на Челзи добиваат многу поголеми плати. Најголемата плата која ја добива во Ливерпул е Вирџил ван Дајк. Холанѓанецот неделно зартаботува 220.000 фунти или 11.440.000 фунти на годишно ниво. Тијаго Алкантара и Мохамед Салах се единствените двајца кои се блиску до нивото на Ван Дајк и тие заработуваат 200.000 фунти неделно.
Мане е далеку зад најплатените во Ливерпул, Сенегалецот заработува едвај 100.000 фунти неделно, односно 5,2 милиони фунти на годишно ниво, што е повеќе од два пати помалку од најплатените.
Затоа, Мане реши да си замине од Ливерпул и во новата сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен, каде ќе заработува 20 милиони евра годишно.
Колку за споредба, во Премиер лигата има фудбалери кои добиваат мнгу повеќе од Мане, а на теренот се далеку од тоа што го прикажува Сенегалецот. Во Манчестер јунајтед најголеми плати добиваат Роналдо (510.000 фунти неделно), Де Хеа (375.000 фунти неделно), Санчо (350.000) и Рафаел Варан (340.000). Во Сити, границата над 300.000 фунти неделно ја надминуваат Де Бројне (400.000), Грилиш (300.000) и Стерлинг (300.000). Во Челзи најголеми неделни плати добиваат Лукаку (325.000) и Канте (290.000 фунти).