34.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Откриено зошто Роналдо одби да шутира пенал против Арсенал

Манчестер јунајтед загуби во дербито од Арсенал со 1:3, во меч на кој гостите може да жалат што не освоија барем еден бод. Арсенал брзо стигна до водство од 2:0, но Кристијано Роналдо намали на 1:2.

Црвените ѓаволи имаа шанса и да израмнат на 2:2, но Бруно Фернандеш промаши пенал во второто полувреме. По мечот, тренерот на Манчестер, Ралф Рангник објасни зошто Роналдо не го шутирал пеналот.

„По мечот го прашав Роналдо зошто не сакаше да го шутира пеналот и зошто му препушти на Фернандеш да го изведе ударот од белата точка. Ми објасни дека овојпат едноставно немал добро пречувство, па мислел дека е подобро некој друг да шутира. На крајот тоа беше Бруно Фернандеш, но за жал не погоди“, објасни Рангник.

За Роналдо ова беше враќање на теренот и тоа само неколку дена по трагедијата во неговото семејство кога почина едно од двете бебиња што ги роди неговата жена Георгина.

- Оглас -

Најнови вести