Откупната клаузула на Гризман е смешна, сумата може да ја плати секоја екипа од топ 5 лигите

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, има смешна клаузула за летниот преден рок. Според „Релево“, во договорот на Гризман со Атлетико стои дека откупната клаузула ова лето е помала од десет милиони евра.

Францускиот репрезентативец пред две години се врати во Атлетико Мадрид од Барселона, прво на позајмица, а потоа Јорганџиите го откупија неговиот договор за 20 милиони евра, дури 100 милиони евра помалку од сумата за која ѝ го продадоа на Барселона.

Знаејќи дека Атлетико одлично помина со неговиот трансфер, Гризман во неговиот договор обезбеди ова лето да има ниска откупна клаузула во случај да сака да си замине од „Метрополитано“.

Засега ниту Гризман ниту Атлетико не сакаат да ја прекинат соработката, објави „Релево“.

- Оглас -

Најнови вести