Фудбалерите на Хетафе славеа со 2:0 против Гранада во мечот од 22-рото коло во Ла Лига. Дилемите околу победникот беа решени уште во првото полувреме, кога домаќините ги дадоа двата гола, а во центарот на вниманието на „Колосеум“ беше Мејсон Гринвуд.
Гринвуд во Хетафе игра како позајмен играч од Манчестер јунајтед, но англискиот гигант не смета на фудбалерот поради неговото минатото. Имено, Гринвуд беше обвинет за насилство врз девојка и неколку месеци помина зад решетки, но подоцна во судскиот процес беше ослободен од обвинението.
Гринвуд во 21-вата минута го отвори резултатот, а конечниот резултат го постави Борха Мајорал во 36-тата минута. Ова беше трет гол на Гринвуд за Хетафе во Ла Лига, претходно има постигнато и два гола во Кралскиот куп, а има и четири асистенции.