Отров-лига за обложувачите – лидерот не може да го победи фенерџијата

По враќањето на португалското првенство по паузата поради корона-вирусот, јасно беше дека трката за титулата ќе се води меѓу некогашните европски прваци Порто и Бенфика. Двата клуба имаат двоцифрена предност во однос на сите останати, а разликата меѓу нив беше само еден бод.

Логиката велеше дека двата водечки тима треба да продолжат со што е можно помалку киксови за да успеат во својата мисија, а тоа е освојување на тронот. Сепак, првите три кола не го покажуваат тоа. Порто и Бенфика едноставно како да се борат кој повеќе ќе киксира.

Во изминативе 15 дена, Порто одигра три меча, а освои само четири бода. Во првиот меч по враќањето, Порто загуби на гости кај Фамаликао, а потоа едвај со 1:0 го победи Маритимо. Синоќа, Порто беше голем фаворит против последнопласираниот тим на Авес, но повторно киксираше. Лидерот не успеа да го скрши отпорот на фенерџијата и одигра без голови, а фаворитот утна и пенал.

Киксовите на Порто не ги искористи Бенфика, која во одиграните два меча во изминативе неколку дена освои само два бода. Гигантот од Лисабон на свој терен не можеше да го победи слабиот тим на Тондела (0:0), а потоа на гости, иако водеше со 2:0, на крајот одигра само 2:2 против Портимоненсе.

Вечерва Бенфика има шанса за „трета-среќа“. Гостува кај Рио Аве, тим кој игра солидно, но едноставно веќе е време Бенфика да победи. Во досегашниот дел од сезоната Бенфика има најдобар биланс на гостински терен со 10 победи во 13 меча и освоени 32 од вкупно 39 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести