24.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Отворањето на Евробаскетот во 2029 ќе биде спектакл, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“

Европското кошаркаррско првенство дојде до самиот крај. Остануваат само утре да се оидграат мечевите за трето место и финалето, по што ќе биде познат новиот континентален владетел. Рига ќе биде домаќин на двата најважни меча на овој турнир по што ќе се знае како ќе бидат распределени медалите.

Од куќата на кошарката, ФИБА, велат дека по завршување на овој турнир нема да има многу мирување.

„За само два месеци започнува првиот квалификациски филтер за Светско првенство кое во 2027 година ќе се игра во Катар. Кошарката никогаш не застанува. Веќе во понеделник ќе збориме за подготовките за Европското првенство кое ќе се игра во 2029 година кое ќе се игра во Шпанија, Грција, Естонија и Словенија“, вели првиот човекна ФИБА, Хорхе Гарбахоса.

Планот е за ЕП 2029 година, отворањето на турнирот да биде на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид каде може да собере и преку 100.000 гледачи.

„Шпанија ја доби кандидатурата, а играњето на натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ беше дел од нивната кандидатура. И претходно постоеле опции отворањето на Евробаскет да биде на фудбалски стадион, но тоа досега никогаш не се случило, затоа што објектите не биле слободни. За ова се подготвуваме речиси една деценија. Може да се одиграат повеќе мечеви на стадионот во Мадрид“, нагласи Камил Новак кој е директор на ФИБА Европа.

„Сантијаго Бернабеу“ беше реновиран, целосно е покриен со кров и би било фантастично да се види тој да биде домаќин на кошаркарски дуел.

- Оглас -

Најнови вести