Отворањето на СП 2030 ќе биде во Монтевидео, а финалето во Мадрид

Светското првенство во 2030 година за првпат во историјата на фудбалот ќе се игра на три континенти, а веќе се познати и дел од градовите на коишто ќе се играат натпреварите.

Веќе е познато дека првите три натпревари од СП 2030 ќе се играат во Јужна Америка, односно во Уругвај, Аргентина и Парагвај, и тоа во чест на 100-годишнината од првото светско првенство кое се играше во Монтевидео.

„Франс 24“ објави дека свеченото отворање ќе биде во истиот град на којшто се играше првото СП, Монтевидео, и тоа на легендарниот стадион „Сентенарио“.

Весникот „Марка“ пак објави дека големото финале ќе се игра во Мадрид, и тоа на реновираниот дом на Реал, „Сантијаго Бернабеу“.

https://twitter.com/theMadridZone/status/1709597685731258833

Во Мадрид ќе се играат и натпревари на стадионот на Aтлетико, „Ванда Метрополитано“, исто како и во Барселона.

Во главниот град на Каталонија ќе се игра на новиот „Камп ноу“, како и на стадионот на Еспањол, „Корнеља ел Прат“.
„Марка“ пишува дека кандидатура за организирање на натпреварите поднеле само уште два града, Севиља, која го понудила стадионот „Ла Картуха“, и Билбао, кој ги понудил „Сан Мамеш“ и „Аноета“.

Од останатите шпански градови кои се блиску до добивање можност да бидат домаќини на СП 2030 се Валенсија и Малага, а тука се и Виго, Ла Коруња, Хихон, Сарагоса, Мурсија и Лас Палмас.

Во Португалија е сигурно дека домаќини ќе бидат Порто со стадионот „Драгао“ и двата стадиони во Лисабон, „Луж“ и „Жозе Алваладе“.

Дури шест града во Мароко се кандидираа за да бидат домаќини на СП 2030, тоа се Рабат, Казабланка, Маракеш, Тангир, Агадир и Фес. Претседателот на фудбалската федерација на Мароко пак се надева дека финалето би можело да се игра на новиот стадион во Казабланка, но малку е веројатно дека Шпанија, која е носител на кандидатурата, би дозволила такво нешто.

 

- Оглас -

Најнови вести