Отворен новиот национален тренинг центар за спортско стрелаштво (Фото)

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска присуствуваа на свеченото отворање на новиот Национален тренинг центар за олимписко спортско стрелаштво со воздушно оружје на 10 метри.

Тренинг центарот е лоциран во подземниот дел на салата „Наум Наумовски Борче” во Скопје и е комплетно опремен со најсовремена опрема според стандардите на Светската стрелачка федерација.

Министерството за спорт го обезбеди најголемиот дел од финансиските средства потребни за реализација на овој проект кој доби поддршка и од европската и светската стрелачка федерација како и од домашни спонзори и поддржувачи на стрелаштвото.

Инаку за време на церемонијата, покрај стрелачите, и Министерот за спорт, Ристовски, си го испроба знаењето.

 

- Оглас -

Најнови вести