Во Дубаи официјално е отворен првиот тематски забавен парк за еден фудбалски клуб во светот и се вика Real Madrid world.
Во „Светот на Реал Мадрид“ има реплика на мадридската фонтана со споменикот на божицата Сибелес, каде што фановите ги прославуваат титулите, фудбалски терен, ролеркостер, највисокиот рингишпил на светот, таканаречен автобус на шампионите, восочни фигури од ѕвездите на Реал во нивна природна големина, голем број продавници, итн.
Паркот е распространет на 6 хектари (отприлика колку 6 фудбалски игралишта), а на свеченото сечење на лентата како членови на Реал Мадрид присуствуваа славните Емилио Бутрагењо, кој е директор за институционални односи на клубот, и Роберто Карлос, кој е амбасадор на Реал.