Ова 50 години не беше видено во НБА: Австралиец направи дабл-дабл, а не даде кош!

Младиот австралиски кошаркар Џош Гидеј, кој е дебитант во НБА-лигата и беше шести пик на драфтот, синоќа направи нешто што не беше видено цели 50 години во најсилната лига на светот.

Ова 19-годишно момче високо 203 сантиметри направи дабл-дабл, а ги утна сите шутеви кон противничкиот кош.

Гидеј, кој е играч на Оклахома Сити тандер, шутна осумпати, но беше непрецизен и не постигна поени, но затоа имаше двоцифрен број скокови и асистенции, па сите го фалеа по мечот. Пред него, дабл-дабл без поени во НБА имал Норм Ван Лајер од Синсинати ројалс (денешен Сакраменто кингс) во далечната 1971 година.

- Оглас -

Најнови вести