5.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Ова беше клучниот момент и испуштената шанса на Новак во финалето

Ако има некој тенисер кој ќе остане запаметен како ментално најсилен кога е најпотребно во клучните моменти, тоа е секако Новак Ѓоковиќ, но денеска Новак ги загуби поените кои можеа мечот да го свртат во негова полза.

Во четвртиот сет при 4-4, тој имаше брејк топка, но не ја искористи. Алкарас го доби тој гејм, поведе со 5-4 и неговиот гласен извик од радост покажа дека многу му олеснало и знаеше дека психолошката предност сега е на негова страна.

Да поведеше Новак 5-4 во таа ситуација, потоа ќе сервираше и веројатно ќе имаше петти сет, и тоа ќе беше уште една епска битка со неизвесен крај. Но, и Србинот е човек од крв и месо.

- Оглас -

Најнови вести