Неверојатен меч одигра Франција и Шведска, а на крајот Галските петли се радуваа на победа од 34:30 и се пласираа во финалето на Европското првенство. Ќе се памти овој дуел по многу нешта. Франција во првото полувреме водеше со седум разлика, потоа Шведска имаше предност од два гола на 40 секунди до крајот, но победник немаше по регуларните 60 минути, кои завршија со 27:27 и мораа да се играат продолженија.
Во дополнителните 10 минути Франција доминираше и на крајот победи за место во финалето, каде ќе го чекаат подобриот од второто полуфинале во кое ќе играат домаќинот Германија и Данска.
Почетокот на мечот беше израмнет и резултатот беше 3:3, а потоа Шведска погоди за 4:3. Од тој момент следуваше шоу на Франција. „Галските петли“ со серија од 7:0 стигнаа до предност од 10:4. Во текот на првото полувреме Франција два пати имаше водство и од седум погодоци, последен пат 13:6, а на полувреме замина со предност од 17:11.
Ова високо водство на Франција воопшто не беше причина за Шведска да се предаде, туку напротив. Во првите 10 минути од второто полувреме следуваше серија од Шведска од 7:1, за израмнување на 18:18. Во овие моменти блескаше голманот на Шведска Андреас Паличка, кој на овој меч меѓу 14-те одбрани, имаше дури и три удари од пенал.
https://twitter.com/i/status/1750941629513445488
Потоа следуваа три гола на Франција за предност од 21:18, но Шведска брзо се врати и израмни на 21:21, а потоа по пауза од речиси 40 минути, Швеѓаните поведоа со 23:22.
Франција израмни на 23:23, но потоа Шведска даде два гола по ред и до последната минута имаа два гола позитива (27:25). Франција намали на 26:27, Швеѓаните направија чекори во последниот напад, но Галските петли немаа шанси да израмнат. Во последната секунда добија фаул и шут од 11 метри кога Пранди успеа на неверојатен начин да погоди и да израмни на 27:27 и се избори за продлженија.
https://twitter.com/i/status/1750948385610231924
Во продолженијата Франција одлично тргна со три гола во низа за предност од 30:27, а во 68 минута предноста на Галските петли беше четири гола (32:28) и веќе Шведска немаше шанса да се спаси од пораз.