Атмосферата во „Јане Сандански“ пред, за време, и после натпреварот Вардар – ПИК Сегед, никого не остави рамнодушен, емоциите беа силни, особено што после објавата за повлекување на Сергеј Самсоненко, прашање е кога, и дали некогаш повторно во салата ќе има ваква слика на некој ракометен меч од ваква важност.
Момците од Некст тајм (ова во превод значи следен пат) ги запалија фановите пред мечот со изведбата на „Ја излези Ѓурѓо“, па и Комитите кои се спомнуваат во песната, и сите други околу 7.000 луѓе на трибините, пееја, па од музичката група беа воодушевени и испратија порака преку социјалните мрежи.
„Само во нашата мајка Македонија може да има вакви грла, публика и срца. Ние ќе го памтиме ова цел живот, чест и ежење е да се пее за Вардар!!!“ – порачаа Мартин и Стефан од „Некст тајм“.