Челзи и Манчестер јунајтед подготвуваат сензационална трампа во последните десеттина дена од преодниот рок, а ризикот е кај Сините од „Стемфорд Бриџ“.
Тиа сакаат да го донесат Хари Мегваер, најоспоруваниот фудбалер што игра за Манчестер јунајтед, а во спротивен правец, на „Олд Трафорд“ би заминал Кристијан Пулишиќ.
Пулишиќ е незадоволен со минутажата што ја има во Челзи и сака да ја смени средината, па за него Манчестер јунајтед би бил идеален тим.
Мегваер кој беше и капитен на Манчестер јунајтед и е еден од најскапите стопери на светот постојано е на мета на критики на навивачите на Црвените ѓаволи, а имаше еден куп киксови за потсмев и од останатите симпатизери на англискиот фудбал.