Ова би било најконтроверзна одлука во историјата на Ф1, Хамилтон ќе добие забрана за настап во Монако?

Британскиот Формула 1 пилот, Луис Хамилтон, може да биде суспендиран од Големата награда на Монако која се вози викендов, доколку на денешниот тренинг се појави со пирсинг на носот.

Според правилата на Формула 1, возачите не смеат да носат накит, а седукратниот шампион има пирсинг во носот и обетка на увото, и не сака да се откаже од нив дури ни кога е во болид. Во Мајами и Барселона возеше со посебно одобрување, но челниците на ФИА веќе нема да го толерираат и му дадоа рок до Монте Карло да го извади накитот.

Хамилтон вчера се појави со накит на лицето, а денеска е денот Д кога ќе се знае дали тој ќе добие забрана за настап. Ако Хамилтон добие суспензија, на негово место во болидот на Мерцедес ќе се најде Стофел Фандорн или Ник де Врис.

- Оглас -

Најнови вести