Ова би било сензација, Артета налето го напушта Арсенал и ќе седне на клупата на најголемиот клуб на светот?

Екипата на Арсенал се наоѓа во пол-позиција да ја освои титулата во Премиер лигата, а најголеми заслуги за тоа има менаџерот Микел Артета, кој може да ги шокира навивачите на Топчиите и налето да се пресели во Реал Мадрид.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ како и англискиот „Дејли Мирор“, пишуваат дека Артета е изборот на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, за наследник на Карло Анчелоти.

Според „Мундо Депортиво“, вчерашната победа на Реал Мадрид од 4:0 над Барселона и пласманот во финалето на шпанскиот Кралски куп, не е гаранција дека Италијанецот ќе остане на клупата.

Перес очекува од Анчелоти да триумфира во Лигата на шампионите и доколку не успее во тоа, тогаш најверојатно ќе го смени, а на негово место сака да го назначи Микел Артета кој прави чуда со Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести