Ова би било шок за Интер: Лукаку може да се врати во Милано, но во црвено-црн дрес!

Ромелу Лукаку не е задоволен во Челзи и желба му е да се врати во Италија, но може да се случи тој по евентуалното враќање во Серија А да не игра за клубот со кој минатата сезона ја освои титулата, туку за градскиот ривал на Интер, Милан.

Според некои информации, Милан е заинтересиран за белгискиот напаѓач, но конкретната понуда ќе зависи од финансискиот капацитет на Росонерите. Се чека бахреинската компанија „Инвесткорп“ целосно да го преземе клубот од

Сезонава Лукаку на 21 настап во Премиерлигата даде само 5 гола. Интерес за него има и од ПСЖ, но дали ќе му биде дозволено да си замине од лондонските Сини, ќе зависи и од новите газди на Челзи кои ќе го преземат клубот од рускиот олигарх Роман Абрамович.

- Оглас -

Најнови вести