Ова би било спектакл: Роналдо ќе му се придружи на Меси во ПСЖ?

Кристијано Роналдо не е среќен во Манчестер јунајтед, враќањето во клубот не е според неговите планови и очекувања, па по завршувањето на сезонава, можно e да си замине. Најнова шпекулација поврзана со Португалецот е дека ако си оди од Јунајтед, интерес за него би имало од Пари Сен Жермен.

Светците летово може да останат без Килијан Мбапе и тоа би било многу силен удар за нив, но ударот би бил амортизиран ако купат друга суперѕвезда, а Роналдо е таков.

Доколку Роналдо навистина премине во ПСЖ и стане соиграч на Меси и Нејмар, тоа би било лудо и нешто незамисливо до пред некоја година. За Роналдо деновиве се спомнува уште една, уште поневеројатна варијанта, а тоа е да се пресели во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести