Ова би било вистинска трансфер-бомба: Барселона сака да го ангажира Халанд?!

Главната вест во денешните спортски медиуми во Каталонија е средбата на спортскиот директор на Барселона, Деко, со претставниците на напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд.

Оваа бомбастична вест ја лансира новинарот Жерар Ромеро, кој објави и кратко видео на кое се гледа агентката на Халанд, Рафаела Пимента со Максвел, како влегува во еден објект.

Веднаш потоа во објектот влегува и Деко, што беше доволно за Ромеро да објави дека Барселона започнала преговори со претставниците на Халанд за евентуален трансфер. Засега нема никакви информации за тоа како течеле разговорите, ниту на кој начин Барселона би го реализирала евентуалниот трансфер во период кога се наоѓа во големи финансиски проблеми.

 

Неодамна Ла Лига им го намали буџетот на плати за следната сезона од 648 милиони само на 270 милиони евра поради големите долгови на шпанскиот тим и згора на тоа налето ќе мора да продаде неколкумина фудбалери за да може да ги обнови договорите на младите ѕвезди како Ламин Јамал.

Договорот на Халанд со Манчестер сити истекува во 2027 година, но англиските медиуми неодамна објавија дека напаѓачот планира да потпише нов, многу подобар финансиски договор со Граѓаните.

Но, дел од шпанските медиуми објавија дека Халанд всушност не бил тема на разговор за трансфер во Барселона, туку играчи како Матајс де Лихт или Марко Верати, на кои Пимента исто така им е агент.

- Оглас -

Најнови вести