Ова боли: Еден гол на Наполи или Лече фалеше за добитен тикет со бруто-добивка од 330.000 денари (Фото)

Во објект на Sport Life во Кичево, вчера попладне за 70 денари е уплатен тикет кој за малку на обложувачот ќе му донесеше бруто-добивка од 330.046 денари.

Играни се осум фудбалски натпревари и на сите е типувано дека ќе има од еден до два гола во двете полувремиња. Оваа игра е една од поомилените игри на редовните обложувачи, а на кичевецот за малку не му донесе голема добивка.

Вината што овој убав тикет не е добитен ја имаат Наполи и Лече. Овие два тима „си ја завршија задачата која им ја даде обложувачот“, по 45 минути игра беше 1-1, но во вториот дел немаше гол, а требаше само еден во која било мрежа за тикетот да биде добитен.

Среда велат е среќен ден, но во случајов средата не го оправда епитетот.

- Оглас -

Најнови вести