Ова досега не беше видено во САД – му шутнаа три пенали, ги одбрани сите три (Видео)

Голманот на Спортинг од Канзас сити, Тим Мелија, се запиша во историјата на МЛС лигата, откако во пенал серијата од плејофот против Сан Хозе ертквикс успеа да ги обрани сите три удари од белата точка кои му ги шутнаа противниците, и го однесе својот тим во четвртфиналната фаза.

Мелија е прв голман во МЛС кој во една пенал серија имал 100 процентен учинок, и интересно е што неговите тимови во изминатите 11 години никогаш не загубиле пенал серија, билансот на мајсторот за бранење пенали во пенал-серии му е 6-0.

Следен ривал на Спортинг е Минесота, а дуелот со Сан Хозе беше драматичен, и по регуларниот дел заврши 3-3, иако до 90-та минута резултатот беше 2-2. Најпрвин Канзас сити погоди за 3-2 и кога мислеа дека победиле, во 97-ма минута Земјотресите изедначија на 3-3 и се изборија за пенали, но таму бе немоќни против расположениот голман на Спортинг.

Ова е пенал серијата која го внесе Мелија во историјата:

https://www.youtube.com/watch?v=278YN-u5pq4

- Оглас -

Најнови вести