Односите помеѓу големите мадридски ривали, Реал и Атлетико, не се добри, а од вечерва ќе бидат полоши бидејќи Кралевите им украдоа шест талентирани фудбалери од младинската академија на Јорганџиите.
Реал во својата академија ги донесе екстра талентираниот 16-годишен Ариел Нкоге, како и Начо и Хаиме Аламеда, Ноат Перес, Ињиго Фреско и Коркова.
Атлетико се обидел да го спречи заминувањето на талентите, но не успеал бидејќи Кралевите им понудиле многу подобри услови.
Атлетико не е единствена жртва на Реал Мадрид, изминатиот период, десет млади фудбалери од Хетафе, шест од Леганес, тројца од Валенсија се преселија во младинската академија на Кралевите.