Ова е челичен играч: Одигра 200 меча по ред за еден клуб

Ињаки Вилијамс е играчот без кого не може да се замисли играта на Атлетик Билбао. Напаѓачот на баскискиот тим денеска беше стартер на гостувањето на Атлетик кај шампионот Атлетико Мадрид, а гостите на крајот успеаа да се одбранат и дуелот заврши без погодоци.

Вилијамс играше до 63 минута, а потоа беше заменет. Со тоа што беше во стартниот тим и што се најде на теренот, Вилијамс стигна до бројката од 200 меча во низа на кои играл за Атлетик Билбао во Примера дивисион.

Последен пат Ињаки не беше во составот пред повеќе од пет години, односно од април 2016 година.

 

- Оглас -

Најнови вести