Арсенал е лидер на табелата во англиската Премиер лига и во моментов е главен кандидат за титулата, но она што повеќе зачудува е дека најблиски конкуренти во моментов му се Борнмут, Тотенхем и Сандерленд.
Уште од 1992 година не се случило во оваа фаза од сезоната (во октомври, после 9 одиграни кола) на првите четири места да ги нема Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Челзи или Ливерпул.

Во таа 1992, во октомври лидер беше Блекбурн, а го следеа Норвич, Арсенал и Астон Вила.
За првпат после десет сезони (тогаш сензационален првак беше Лестер) се случи во исто коло да загубат Челзи, Сити и Ливерпул, а викендов првпат после пет години се случи во исто коло да победат сите три тима кои се нови премиерлигаши.
Ливерпул стана првиот во историјата кој тргнал со пет победи по ред, а потоа врзал четири порази едноподоруго. Актуелниот првак кој летово потроши многу пари на засилување во моментов е дури седми, па затоа и многумина мислат дека Арсенал е лидер не затоа што е премногу силен и доминантен, туку поради слабоста на Ливерпул, па и Сити, Јунајтед и Челзи кои истотака имаат скапи состави.

