1706 Мец – Нант (17:15 ч.)
Дуел на двете најслаби екипи во француското првенство кои со голема веројатност во следната сезона ќе играат во Втора лига. Мец ја има убедливо најслабата одбрана и прими дури 60 голови во 27 меча, а и Нант е очаен кога се работи за гол-разликата.
Мец нема ниедна победа во 2026 година и е со биланс од девет порази и три нерешени. Нант нареди осум порази и само две победи во овие четири месеци, а немаат одиграно нерешено. Традицијата е неумолива и вели дека не треба да се очекуваат голови. На 12 од последните 13 меѓусебни пресметки немало повеќе од два погодоци.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.25)
3005 Пиза – Торино (18 ч.)
За Пиза нема спас сезонава и речиси сигурно ќе испадне во Серија Б, додека Торино едноставно мора да освојува бодови против ваквите ривали, ако сака да остане во сигурната зона. Пиза е рекордер со 12 нерешени сезонава.
Торино е многу слаб на гостински терен и во 15 меча освои само 13 бодови, а прими дури 30 голови. Сезонава играа два пати, Торино со 1:0 победи во Купот, а во првенството беше 2:2. И сега треба да се очекува Торино да не загуби.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.71)
1809 Ајнтрахт Франкфурт – Келн (17:30 ч.)
Ајнтрахт е без шанси за излез во Европа, а на Келн му „гори под нозете“, затоа што со само 26 бодови е на последната позиција која носи опстанок. Келн освои само 10 бода во 13 меча на гости, а овој тим нема победа на последните седум кола.
Есеноска Ајнтрахт победи со 4:3 на гости кај Келн, а и сега може да се очекува отворена пресметка со повеќе погодоци.
Предлог тип: ГГ3+ (1.98)
1308 Овиедо – Севилја (18:30 ч.)
Овиедо е последен на табелата и има дури 10 бодови помалку од Севилја која е на последната позиција која носи спас од испаѓање. Невообичаено е Севилја да се бори за опстанок, но тоа и не е толку чудно ако се знае дека примија дури 49 голови и ја имаат втората најслаба одбрана во лигата.
Во првиот дел од сезоната Севилја убедливо победи со 4:0 и едноставно гостите и сега треба да атакуваат на освојување на трите бода.
Предлог тип: 2 (2.70)
1958 Фенербахче – Бешикташ (19 ч.)
Големото истанбулско дерби во кое притисокот на на страна на домаќинот. Фенербахче има само четири бодови помалку од лидерот Галатасарај, додека Бешикташ тешко дека може да мрдне повеќе од четвртото место на табелата.
Фенербахче сезонава дома има девет победи и четири реми без пораз, ни и Бешикташ игра добро на гости и има само два порази во 13 дуели. На последните седум средби на овие два тима секогаш имало победник.
Предлог тип: 1&3+ (2.85)

