Ова е добитно коло за обложувачите, сите фаворити победија

Ливерпул останува лидер во Премиер лигата откако убедливо со 5-0 го растури Ватфорд. Навивачите на „Енфилд роуд“ уживаа во гол-шоуто на домашните фудбалери, а посебно маестрален беше погодокот на Садио Мане во 20-тата минута, кога погоди со петица. Тоа е можеби и најубавиот гол сезонава во Премиер лигата. 

Пет гола на свој терен даде и Арсенал во триумфот против Борнмут, но „топчиите“ не успеаја да ја сочуваат својата мрежа незатресена, па на крајот беше 5-1 во Лондон. Во дуелот кој требаше да биде дерби на два лондонски тима, Челзи со 2-0 го победи Тотенхем и ја направи уште поинтересна борбата за третото место на табелата.

Вечерва најмногу се намачи шампионот Манчестер сити, кој минимално со 1-0 го победи Вест хем, и тоа благодарение на погодокот од пенал на Серхио Агуеро. Со овие три бода „граѓаните“ останаа само еден бод зад лидерот Ливерпул.

Манчестер јунајтед во своите редови го имаше расположениот Ромелу Лукаку и без поголеми проблеми победи на гости кај Кристал палас со 3-1. Лукаку даде два гола, а еднаш прецизен за гостите беше и Ешли Јанг.

Резултати: Арсенал – Борнмут 5-0, Саутхемптон – Фулам 2-0, Челзи – Тотенхем 2-0, Кристал палас – Манчестер јунајтед 1-3, Ливерпул – Ватфорд 5-0, Манчестер сити – Вест хем 1-0.

Табела: Ливерпул 69 бодови, Манчестер с. 68, Тотенхем 60, Арсенал 56, Манчестер ј. 55, Челзи 53…

- Оглас -

Најнови вести