Добра вест за Гостивар, Нани најави дека може да игра уште неколку години

Поранешното крило на Манчестер јунајтед и Португалија, Луис Нани, се подготвува за нова етапа во својот фудбалски живот.

Овој 37-годишен фудбалер во мај ја напушти Адана Демирспор и моментно без клуб, но нема намера да ја заврши кариерата. Се зборува дека интерес за него има од македонскиот прволигаш Гостивар.

Во меѓувреме, Нани заедно со група инвеститори се стекна со 95 отсто од акциите на клубот Синтренсе. Клубот е со седиште во Синтра, северозападно од Лисабон, блиску до родното место на играчот. Синтренсе е четвртолигаш.

„Веќе постигнав сè, немам повеќе цели да постигнам. Мојот врв помина, беше прекрасно, се забавував и многу сум горд. Барам можности кои се добри и да можам да продолжам да уживам во фудбалот. Тоа е страст што е тешко да се остави зад себе кога сè уште чувствувате сила и енергија. Знам дека сè уште сум способен да ги натерам навивачите да вибрираат. Сè уште сакам да уживам во фудбалот и отворен сум да играм уште неколку години. Имам некои понуди и ги анализирам, во моментов уживам со семејството на одмор“, рече Нани, говорејќи на настанот на кој беа прогласени новите сопственици на Синтренсе.

 

- Оглас -

Најнови вести