Ова е доминација – Некогаш чекаа половина век за титула, сега ја освоија без пораз

Славија Прага го победи тимот на Чешке Будејовице со 2:1 и во супериорен стил и без пораз ја освои 20. јубилејна титула во Чешка.

Славија забележа 26 победи и одигра 8 пати нерешено со што пехарот беше освоен многу пред денешното последно коло во Чешкото првенство.

Разликата е 12 бода пред вечниот ривал Спарта, која го освои второто место со 74 бода. Славија има 13 титули во поранешна Чехословачка, а чекаше дури 49 години, или безмалку половина век од последниот пехар во поранешната држава што го освои во 1947 година, за да стане повторно првак, но на независна Чешка во 1996 година.

Денеска само ја потврдија новата титула, а Славија има и хет-трик, бидејќи е шампион на Чешка три сезони по ред.

Во сегашната држава се вториот најтрофеен тим со 7 титули, зад Спарта со 12 и пред Плзењ со пет пехари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести