Некои луѓе кршат чаши и чинии, други фрлаат книги, трети го удираат ѕидот или ја превртуваат масата, секој има различен начин да се ослободи од насобраниот притисок и нервоза, а популарниот француски фан Мохамед Ени има нестандарден метод на „жалење“ по поразите на неговиот омилен тим.
Ени е навивач на Олимпик Марсеј, а си најде доста скап начин на изразување на нервозата по поразите, со кршење телевизори. Притоа, тој се снима како го прави тоа и клиповите ги става на интернет, па веќе е познат низ светот по кршењето на телевизорите, што му помага да се ослободи од негативните емоции.
Оваа сезона во француската лига Марсеј има девет порази и десет победи, што значи дека Ени се доближува до двоцифрена бројка на искршени телевизори.
Некогаш кршењето знае да биде и комично:
https://twitter.com/i/status/1073912983531778048