Африка во моментов е единствениот континент кој нема трка од Формула 1, а последен пат се возеше во 1993 година, кога Јужна Африка беше домаќин на трките на патеката Кјалами.
Долго се зборуваше дека оваа патека може да се врати во календарот, но Јужна Африка се откажа бидејќи не доби помош од државата. Затоа сега во конкуренција влегува Руанда, земја која веќе ги започна преговорите со директорот на Формула 1, Стефано Доминикали, кој најави дека веќе започнува да се крои календарот за 2026, 2027 и 2028 година.
Во моментов Формула 1 првенството има 24 трки, а Руанда за почеток ќе биде домаќин на доделувањето на наградите за најдобрите за 2024 година. Возачите изразија негодување од ваквата одлука, а прв кој се спротивстави е поранешниот шампион, Луис Хамилтон.