Ова е голот кој веројатно му пресуди на Пирло како тренер на Јуве (Видео)

Болната елиминација на Јувентус од Порто во осминафиналето на Лигата на шампионите, најверојатно значи крај за Андреа Пирло како тренер на најтрофејниот италијански клуб, најавуваат многу медиуми. Раководството ќе треба да реши што со Пирло, но пировата победа Јуве е всушност заслужена радост за потценетиот Порто.

Ова е голот на Оливеира кој ги шокираше Бјанконерите, најмногу Кристијано Роналдо, кој трета сезона по ред не успеа да стигне до полуфиналето, црна серија каква што немал уште од времето кога беше во Манчестер јунајтед.

https://twitter.com/i/status/1369417411229847558

- Оглас -

Најнови вести