Бразилецот Лилиу ги закопа надежите на Шкендија дека може да се пробие до следното коло од квалификациите за Лигата на шампионите и евентуално подоцна до групите во Лигата на Европа. Иако македонскиот првак напаѓаше, доминираше, дозволи да биде елиминиран од тим кој само благодарение на среќата не прими 5-6 гола.
Во самиот финиш, Шкендија му дозволи на Номе Калју да поигра на нејзина половина и тоа се покажа како кобно во 92-рата минута. Еве го голот кој ја „закопа“ Шкендија и спречи двомеч со шкотскиот гигант Селтик:
https://www.youtube.com/watch?time_continue=7&v=_6qPcW20c-A