Ова е голот со кој Шкендија остана непоразена против големиот Динамо Киев (Видео)

Тетовска Шкендија одигра 1-1 во пријателски меч против украинскиот гигант Динамо Киев на подготовките во Турција.

Тимот на тренерот Јетон Беќири водеше на полувреме со погодокот на Аденис Шаља во 26-та минута. Голот на Шаља погледнете го ТУКА.

Динамо Киев кој во минатото трипати играл полуфинале во најсилното клупско натпреварување во Европа и кој има дадено двајца освојувачи на „Златна топка“, а сега е многу далеку од тие славни времиња, израмни во 60-та минута, стрелец беше Владислав Ванат.

За Динамо играше и Решат Рамадани кој е екс член на Шкендија, па имаше и братски дуел, бидејќи за Црвено-црните од Тетово игра постариот брат на Решат, Флорент Рамадани.

- Оглас -

Најнови вести