Ова е хакерот поради кој Манчестер сити е казнет од УЕФА (Фото)

Веста за отстранувањето Манчестер Сити од Лигата на шампионите за сезоните 2020/2021 и 2021/2022, ја стресе Англија, па и целиот европски континент. Граѓаните се жестоко казнети од УЕФА за нарушување на финансискиот фер-плеј, добија и парична казна од 30 милиони евра.

Во истрагата против Сити, во основа стои португалскиот хакер Руи Пинто, кој во 2015 година успеа да стигне до клупската кореспонденција и мејловите со спорна содржина, им ги достави на разни медиуми.

Поради дејствијата, Пинто беше уапсен во март во Будимпешта, и веднаш екстрадиран во Лисабон, каде е сместен во затвор, а и сега е за решетки. Тој нема да се жали, што значи против него ќе се покренат 90 обвиненија од различни клубови и играчи од Европа. Но, на социјалните мрежи започна кампања за ослободување на Руи Пинто.

Пинто работел под името Џон, а скандалозната информација која му наштети на Сити, му ја дал на германски „Дер Шпигел”, кој потоа почна со истражување и дојде до податоци кои се погубни за Сити. Се тврди дека Пинто има речиси 70 милиони документи и 3,4 терабајти информации, вклучително и лични имејли.

- Оглас -

Најнови вести