Ова е историска сезона за Милан во Серија А – Израмнет е рекорд стар 54 години (ФОТО)

Фудбалерите на Милан го совладаа Калјари на гостински терен со 1:0 и со тоа ја продолжија својата одлична форма во битката за титулата во Серија А.

Росоњерите погодија со голот на Исмаил Бенасер во 60-та минута, а воедно ова беше 15-ти натпревар едноподруго на кој Милан постигнува барем еден погодок на гостински терен во најсилната италијанска лига.

Претходно такво достигнување овој тим имале во далечната сезона 1967/68 кога воедно и ја освоија деветтата титула во Серија А.

Тимот од Милано сега има 66 бода, три повеќе од Наполи и шест од Интер кој што има и натпревар помалку. Тука е и Јувентус кој што има 56 бода, но треба да одигра средба утре против Салернитана на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести