За ова се добива статус „Легенда за обложување“ – Погоди четири точни резултати на полувреме, добивката е над илјада евра (Фото)

Обложувањето на високи коефициенти што ги има на дузина игри во Sport Life знаат да донесат одлични добивки на топ-тикети, а таков има уплатено велемајстор за необична игра во Хром и погоди четири точни резултати на полувреме за добивка од 76.696 денари во бруто износ.

ВАКВА СЛОЖУВАЛКА НА ТИКЕТ РЕТКО СЕ ГЛЕДА

Сите четири дуели се од Лигата на шампионите и тоа од последната сеанса во фазата по групи што се играа вчера.

Погодени се точни резултати по првото полувреме на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер јунајтед и Јанг Бојс, а беше 1:1, потоа и на „Луж“ во Лисабон, каде Бенфика имаше предност од 2:0 по 45 минути игра, идентичен тип со резултат 2:0 на полувреме е одигран и на мечот меѓу Баерн и Барселона и за екстра добивка се погрижија и фудбалерите на Лил.

Гостите од Франција постигнаа еден гол во првиот дел против Волфсбург на „Фолксваген арена“, таман за 0:1 како што е одиграно на неверојатниот тикет уплатен во објектот на Sport Life во скопската населба Хром и тоа за само 30 денари со нето добивка од над 1.000 евра.

КОМБИНАЦИЈА АНГЛИЈА И ЛИГА НА ШАМПИОНИ СО СИСТЕМ 6/8 ЧИНЕШЕ САМО 100 ДЕНАРИ, А ДОНЕСЕ ЌАР ОД 5.500 ЕВРА

Одлично одиграни два фудбалски тикети има и во скопската населба Чаир и во Скопјанка, а особено интересен е првиот.

Комбинација од четири натпревари во Англија и исто толку во Лигата на шампионите одиграни со многу популарната игра во Sport Life на голови во двете полувремиња на систем 6/8 донесе нето ќар од 5.500 евра, или бруто добивка од 385.371 денари за уплата од само 100 денари.

Четири меча се одиграни со играта 1-2I&1-2II и уште толку се типувани со комбиниран знак 2-3I&2-3II, а погодени се сите комплет, па системот има 28 добитни комбинации.

Коефициентите се одлични и се движат од 2.75 до 7.25 на тикет што е одигран со 8 пара и донесе топ-добивка во Чаир.

Во Скопјанка со влог од 200 денари и пет погодени парови од Лигата на шампионите обложувач си подогна добивка од 61.134 денари.

Тука два меча се одиграни со знак 1-1&2+ и тоа Ајакс – Спортинг и Баерн – Барселона и уште три со играта Т1 1+I&1+II, односно Т2 1+I&1+II.

СВЕТИ НИКОЛЕ ИМА МАЈСТОР ЗА НБА, ЗНАЕЊЕТО СИ ГО НАПЛАТИ СО ДОБИВКА ОД 147.000 ДЕНАРИ

НБА натпреварите се исклучително интересни за обложување во Sport Life, а во богата понуда за секоја ноќ особено привлечни се индивидуалните тотали на кошаркарите.

Мајстор за кошарка од Свети Никола и тоа најквалитетната на светот со влог од илјада денари и погодени поени иднвидуално на 8 НБА кошаркари си оствари добивка од 147.000 денари во бруто износ.

Најнеизвесно беше со бекот на Шарлот хорнетс, Кели Убре, кој ја мина границата од 21.5 поен со погодено слободно фрлање на 8,9 секунди до крај на мечот против Филаделфија.

Убре имаше постигнато 21 поен, а беа потребни најмалку 22 за добивка и го промаши првото слобосно фрлање, но потоа погоди и го заврши мечот со 22 поени и донесе огромна радост и топ-добивка во Свети Николе.

- Оглас -

Најнови вести