Ова е како виц,човекот кој ништо не можеше да одбрани, против нас го одигра мечот на кариерата

Во еден од најиензивесните мечеви во историјата на ракометните европски првенства, Хрватска дури по 80 минути борба ја победи Норвешка со 29:28. Жељко Муса го даде победничкиот гол за Хрватска вреден финале, на три секунди пред крајот.

Пред погодокот на Муса, едни од најзаслужни за триумфот на Коцкестите се голамните Марин Шего и Матеј Ашанин. Шего имаше 9 одбрани, а Ашанин иако не одбрани ниту еден удар од игра, успеа да фати два пенали во клучните моменти. Токму одбраните на Ашанин се нешто што најмногу ги боли Норвешаните.

„Ова е големо разочарување за нас. Беше тоа војна на теренот од почеток до крајот. Хрватска добро играше и го наметна својот ритам, а ние се мачевме со нивната одбрана. Покрај тоа имаа голман кој имаше свој ден. Претходно го немав видено така да брани. Ова е како некој виц, голманот кој не можеше ништо да одбрани, наеднаш против нас го одигра мечот на кариерата“, рече крилот на Норвешка, Кристијан Бјорнсен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести