Ова е кобниот момент кој ја замолкна публиката и примивме гол по 717 минути (Видео)

Имавме победа в раце, но ја испуштивме во шестата минута од судиското продолжение. Македонија поведе во 90-тата минута, публиката беше на нозе, се спремаше големо славење на три големи бода во чест на жртвите од Кочани, но во последниот напад на Велс гостите постигна гол по грешката на Муслиу, а топката мина низ нозете на Димоски.

Стрелец беше Дејвид Брукс, фудбалер на Борнмут, а околу 25.000 луѓе занемеа и се радуваа само оние фанови од Велс на источната трибина.

Македонија прими гол по цели 717 минути, серијата заврши на многу болен начин, два бода ни се скратени.

- Оглас -

Најнови вести