Задачата на фудбалските голмани е да го зачуваат својот гол и да спречат влегување на топката во нивната мрежа, а во некои ситуации, некои од голманите со повеќе или помалку успех, се обидуваат да глумат играчи. На пример, на Мануел Нојер сосема солидно му оди тоа, но не може истото да се каже за еден јордански голман кој е ѕвезда на видеото подолу.
Голманот истрча напред, надвор од 16-никот, и не смееше да игра со рака, па се обиде во стилот на Робин ван Перси од Мундијалот 2014 на мечот со Шпанија, со скок напред и со шут со глава да ја исфрли топката, но работите за голманот не одеа како што посакуваше.
Погледнете што се случи:
https://www.youtube.com/watch?v=yIjeHR78PFw