Фантастична е приказната на шкотскиот клуб Мадервел, а навивачите се горди на незаборавната епизода од 1927 година на денешен ден, 17. мај кога фудбалерите направија подвиг и станаа единствениот странски клуб со пехарот освоен во шпанскиот куп.
Популарниот Копа Дел Реј тогаш имаше специјално издание со четири екипи, а покрај Мадервел играше и велшкиот клуб Свонси, а пехарот е уникатен и го донираше шпанскиот крал Алфонсо 13-ти.
Мадервел во полуфиналето го победи Свонси со 4:3, а потоа во финалниот меч за пехарот го совлада и Реал Мадрид со 3:1.
Официјално во Шпанија како победник на купот во 1927 година се води Реал Унион, но тие го признаваат и Мадервел како специјален шампион во Копа Дел Реј во истата сезона.
Во целата сторија која е фантастична уште поголема симболика има и податокот дека Мадервел е формиран на 17. мај, односно на денешен ден кога и го освои и пехарот во Копа Дел Реј, во 1886 година и денеска слават 136-ти роденден.
Пехарот што го освоија во Шпанија, како единствен странски клуб се уште е во клупските витрини на Мадервел.