Ова е моментот кој ги остави во шок сите навивачи на Црвена ѕвезда (Видео)

Црвена ѕвезда на несреќен начин испадна од Макаби Хаифа и нема да игра во групите од Лигата на шампионите.

По водството од 2-0, следуваше шок во судиското продолжение и Макаби се врати во живот. Израелците делуваа посвежо во финишот, бараа втор гол за да избегнат продолженија, а работата им ја заврши миленикот на фановите на Ѕвезда.

Милан Павков, кој веројатно ќе си оди од клубот, имаше лоша реакција по едно нафрлување и не сакајќи го совлада голманот Милан Борјан, па на многу лош начин ќе се прости од Црвено-белите.

Еве го голот кој го однесе Макаби во ЛШ:

- Оглас -

Најнови вести