Втор викенд во низа има прекинат меч во македонското фудбалско првенство. Ако минатата недела играчите на Воска се повлекоа од дуелот против Вардар при резултат 1:1, денеска истото го направија фудбалерите на Гостивар во дуелот со Работнички.
Се играше 85 минута кога Работничии даде гол за водство од 2:1, а потоа гостиварци добија наредба дека треба да го напуштат теренот. Ништо спорно немаше на теренот, Работнички даде чист погодок за водство од 2:1, но некој од челниците на Гостивар имаше други планови.
Поради ваквиот потег, Воска минатата недела заработи драстична казна со одземање на девет бодови и службен пораз во дуелот со Вардар. Истото сега може да го чека и Гостивар. Работнички на теренот беше пред победа, а сега ќе добие службени 3:0, а на Гостивар сигурно ќе му бидат одземени и бодови.