1.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Ова е најбизарниот голмански автогол што сте го виделе (Видео)

Во осминафиналето на фудбалскиот Куп на Катар виден е автогол каков што веројатно никогаш претходно не бил постигнат во историјата на фудбалот.

Резултатот беше 0-0, се играше 92-рата минута, a тимот на Ал-Шаханија требаше да изведе слободен удар од 40-тина метри. Упатен беше топовски удар под пречката, но голманот на Ал-Шамала, Омар Бари, ја одби топката, барем во прв момент.

Потоа следуваше комедија. Бари проба да ја избоксува топката која паѓаше што подалеку од голот, но невнимателно го стори тоа и топката се одби од стативата и влезе во голот. Бари се држеше за глава, не му се веруваше каков кикс направи и тоа кикс со кој неговиот тим беше елиминиран.

- Оглас -

Најнови вести