Американскиот кошаркар Ферон Хант, по само одигран еден официјален натпревар и 17 минути поминати на паркетот, си замина од екипата на Морнар.
Поранешниот кошаркар на НБА-тимот Њујорк никс, беше дел од првата петорка на Морнар во дуелот со Цедевита Олимпија, но одигра очајно, не погоди ниту еден од петте шута и притоа загуби три топки за 17 минути. Тоа беше доволно за управата на Морнар експресно да го отпушти Хант.
„Само по неколку минути поминати на паркетот во мечот против Цедевита Олимпија, поранешниот кошаркар на Њујорк никс, нема да ја продолжи кариерата во Морнар. Очекувањата од него беа големи дека со неговото искуство, добрите физички предиспозиции ќе му помогне на тимот да остане во АБА-лигата, но во пракса беше поинаку“, пишува во дел од соопштението на Морнар.