Англиската аматерска лига наречена National League South (шести ранг) ни ја нуди една од најлудите завршници што сме ги виделе во последните години. Останува уште едно коло, а ситуацијата на табелата е, благо кажано, хаотична.
Разликата меѓу првото и шестото место на табелата е само три бода, што значи дека дури шест екипи влегуваат со шанси да се борат за титулата.
Победникот во оваа лига оди директно во петтиот ранг или првиот, што нема поделба по региони. Вториот и третиот директно ќе играат во полуфиналето на плејофот, а екипите од четвртото до седмото место се борат за слободните места во полуфиналето на плејофот во меѓусебните натпревари.
Влогот е голем, а исходот ќе го дознаеме викендов. В сабота со почеток од 16 часот се играат сите 12 натпревари од последното коло.