Ова е најлудо финале на СП: 3:3 по 120 минути игра, ќе има пенали!

Аргентина и Франција одиграа 3:3 по 120 минути игра во финалето на Светското првенство и светскиот првак ќе мора да се дознае на пенали. По 90 минути игра беше 2:2, откако аргентина водеше со 2:0 благодарение на головите на Лионел Меси од пенал и на Анхел ди Марија, но во вториот дел, за само 137 секунди игра Килијан Мбапе постигнаа два гола (еден од пенал) за израмнување на 2:2.

Во дополнителните 30 минути повторно Меси прв даде гол. Се играше 109 минута кога Меси погоди за 3:2, но Франција и Мбапе не се предадоа. Во 118 минута бепе досуден и трет пенал во финалето, втор за Франција. Мбапе погоди повторо и изнрамни на 3:3, за да победникот мора да се решава на пенали.

 

- Оглас -

Најнови вести