Ова е најмладиот голман во историјата на Лигата на Европа

Младиот резервен голман на Рен, Пепе Боне, вечерва испиша историја со тоа што стана најмладиот чувар на мрежа кој настапил на натпревар од групите во Лигата на Европа.

Рен е еден од најмалерозните тимови вечерва, на дуелот против романски Клуж утна пенал, а доби и два црвени картони. Едно од исклучувањата беше за голманот Менди уште во петта минута, па на гол застана резервистот Пепе Боне, кој влезе во историјата на Лигата на Европа. Голманот кој доаѓа од ДР Конго, има само 16 години и 254 дена.

- Оглас -

Најнови вести