Ова е најскапиот олимпиец во Париз, годишно заработува 82 милиони долари повеќе од Леброн Џејмс!

Шпанската голф суперѕвезда Џон Рам, е убедливо најплатениот спортист кој ќе се појави на Олимписките игри во Париз.

Рам има годишна заработка од неверојатни 210 милиони долари. Од нив, дури 190 милиони се од плати и награди од играње на турнири, а „само“ 20 милиони добива од спонзорите.

На второто место е кошаркарот Леброн Џејмс со 127,7 милиони долари. Годишната плата во ЛА Лејкерс му е 47,7 милиони, а од спонзори добива дури 80 милиони годишно.

Во топ 5 се уште тројца кошаркари, Стеф Кари, Јанис Адетокумбо и Кевин Дурант.

Од тие што не се ни кошаркари ни голфери, најголема заработка има шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, кој е 13-ти на листата со годишен приход од 45 милиони долари. Новак Ѓоковиќ е 18-ти со 38,7 милиони долари. Неговиот сонародник Никола Јокиќ годишно заработува 54,7 милиони и тој е деветти најскап олимпиец.

Меѓу најплатените 20-мина, има само голфери, кошаркари и тенисери.

- Оглас -

Најнови вести